Skip to content

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

ЗА НАСТАВНИЦИ, НЕГУВАТЕЛИ И ОБРАЗОВЕН КАДАР

Вредности и вештини:

⦿ Наука, Технологија, Инженерство, Математика
⦿ Успех и самодоверба
⦿ Зајакнување на комуникациски вештини
⦿ Управување со време
⦿ Презентациски вештини
⦿ Вештини за донесување на одлуки
⦿ Вештини за решавање на проблеми
⦿ Креативност и иновација
⦿ Лидерство
⦿ Тимски дух
⦿ Размислување надвор од кутијата
⦿ Критичко размислување
⦿ Креативно размислување
⦿ Решавање на проблем
⦿ Учење базирано на проблеми
⦿ Учење базирано на проекти

Краток преглед на наставната програма:

Со обуките за Професионален развој имаме за цел да внесеме иновација и претприемништво во едукативниот процес, интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство, уметност и математика, да овозможиме на децата и младите без оглед на годините да се стекнат со вештини и знаења кои ќе допринесат за благосостојбата на општеството, да допринесеме кон формирање луѓе со лидерски вештини и социјална свест, да креираме и промовираме соработка од областа на образованието во Република Македонија, како и другите држави од Европа и светот.

Преку образовни програми од иновативниот сектор и новите технологии, допринесуваме за подобар пристап во пресрет на општествените предизвици, преку промоција на истражувања за образование на иднината, за организирање образовни активности и исто така преку напредни форми на образовно уредување.

Обуките за професионален развој сe работилници со соодветна тема на програмата за професионалниот развој на наставници, воспитувачи, негуватели и други стручни лица вклучени во воспитно и образовен процес на децата.

Целта е да допринесат во развој на способности и вештини неопходни за животот на 21-ви век, развој на комуникација, концентрација, логичко размислување, фина моторика, упорност, истрајност, независност, одговорност, разбирање на процеси, работа во тим, почитување на правила на играта, емоционална контрола со финално чувство на контрола, успех и победа, со употреба на LEGO® коцки како визуелни помагала со кои се реализира содржината на часовите.

Пристапот се базира на добро испланиран и практичен образовен процес кој вклучува комбинација од учење и забава, преку употреба на Спирално учење и Учење засновано на решавање проблеми (PBL) – Методологии присутни во сите наши програми, работилници и предавања.

Нашата улога како предавачи е да воспоставиме комуникација со Вас и на тој начин да ја пренесеме нашата интернационална експертиза за која сме застапници а на тој начин ке допринесеме во остварување на потребите за подобра инклузија и социјализација на сите деца, користејќи го Израелскиот пристап во едуцирање и Young Engineers – лиценцата на која сме носители и методологијата на LEGO® Education за која сме сертифициран партнер со сертифициран наставен кадар.

Одржани обуки:

„Развој на креативно учење и унапредување на работа со деца со посебни образовни потреби со практична примена на LEGO®“

За програмата

Квалификувани

наставници

ГАЛЕРИЈА

hibrid-i

Што е хибридна настава?

Young Engineers кај вас дома!

Вашето дете добива наш специјализиран LEGO® робот кој ние Ви го даваме за употреба во Вашиот дом, се поврзуваме виртуелно и овозможуваме стекнување со ексклузивно знаење за:
⦿ Наука, Технологија, Инженерство и Математика (STEM)
⦿ Роботика
⦿ Програмирaње
⦿ Креирање на игри
⦿ Креирање на веб-страница
⦿ Програмирање во C++
⦿ Обработка на фотографија
⦿ Обработка на видео материјали
⦿ Обработка на креативи


Скопје, Р. Македонија
+38977399999

YOUNG ENGINEERS
www.skopje.youngengineers.mk
[email protected]
[email protected]
[email protected]

ROBOTICS & INNOVATION ACADEMY
[email protected]
[email protected]
[email protected]

Оперативни партнери