За нас
Нашиот идентитет е нашата амбиција. Визија? Да ја донесеме едукацијата на иднината, денес! Да ги имплементираме и кај нас интернационалните едукативни и методолошки практики со докажана успешност, за кои преку Young Engineers Skopje Macedonia и Robotics & Innovation Academy сме официјални застапници за Република Македонија.
Да го претставиме концептот на иновациите во едукативниот процес, поттикнеме развојниот процес на талентите кои ги поседуваат децата и младите, поттикнеме креативноста која во детството е еден свет а во текот на животот овозможува снаоѓање на секое поле и креативно пристапување кон решавање на проблеми и предизвици со кои секојдневно се среќаваме.
Животот нема правила по кои треба да го насочиме нашето однесување но имаме можности, степен на свесност и употреба на вештини и способности кои се учат денес, уште од најмала возраст.
Според најновиот извештај на Светскиот Економски форум, во наредните 10 години, работните места ќе бидат многу различни и автоматизирани а луѓето ќе мора да работат на себе паралелно со напредните машини кои ќе се развиваат многу брзо. Токму поради тоа, вештините од областите на STEM, роботиката и програмирањето ќе биде неопходно да се поседуваат.
Во Robotics.mk сите активно учествуваме во градењето на нашата заедница, ја следиме нашата визија и имаме цел, соработуваме, имаме слични интереси, креираме, мотивирани сме, го споделуваме своето знаење и учиме едни од други.
Во нашиот тим ги имаме вистинските луѓе, магистри, асистенти, професори во областа на компјутерските науки, Универзитетски професори. Квалификувани и сертифицирани професионалци од областите во кои се специјализирани а најтранспарентно го даваат своето знаење кон Вас и Вашите најмили и со кои работат на процесот за стекнување на најкомпетентните вештини на 21 век, како:
⦿ Знаење во области на Наука, Технологија, Инженерство, Уметност, Математика
⦿ Знаење во област на Програмирање
⦿ Знаење во област на Роботика
⦿ Знаење како нештата функционираат и создавање на работи кои функционираат
⦿ Доживотно учење
⦿ Алгоритамско размислување
⦿ Размислување „надвор од кутијата“
⦿ Критичко размислување
⦿ Креативно размислување
⦿ Компјутерско размислување
⦿ Зајакнување на комуникациски вештини
⦿ Стекнување и јакнење на презентациски вештини
⦿ Стекнување и јакнење на вештини за донесување на одлуки
⦿ Стекнување и јакнење на вештини за решавање на проблеми
⦿ Стекнување и јакнење на вештини за управување со време
⦿ Учење базирано на решавање на проблеми
⦿ Учење базирано на проекти
⦿ Логика
⦿ Истражување
⦿ Упорност
⦿ Иновација
⦿ Соработка
⦿ Лидерство
⦿ Претприемништво
⦿ Тимски дух
⦿ Откривање на доживотна страст
⦿ Прекрасни луѓе
⦿ Одлични професионалци
⦿ Помош при избор на идна професија
На пазарот сме присутни од 2017 година преку Young Engineers Skopje Macedonia и Академија за роботика и иновации, како официјални застапници на Израелската лиценца за STEM интернационалните програми кои се застапени во над 50 држави во светот, поддржани од HARVARD Graduate School of Education, поддржани од iCarnegie на Универзитетот „Карнеги Мелон“, наградени од Британско министерство за образование, од пред 2 години станавме и регионални партнери на FIRST LEGO League и FIRST Lego League junior – Американскиот натпревар за едукативна роботика.
Од оваа година станавме и LEGO® Education сертифициран партнер со сертифициран наставен кадар, обучен од LEGO® Education за правилно спроведување на методологијата и материјата која ја изучуваат Вашите деца, единствено кај нас, за територијата на нашата држава.
Наградувани, светски програми
Докажани ментори и асистенти
Деца и млади спремни за иднината
Скопје, Северна Македонија
+38977399999
YOUNG ENGINEERS
www.skopje.youngengineers.mk
[email protected]
[email protected]
[email protected]
ROBOTICS & INNOVATION ACADEMY
[email protected]
[email protected]
[email protected]
Оперативни партнери