СПЕЦИЈАЛНО ДИЗАЈНИРАНA STEM ПРОГРАМА НА e² YOUNG ENGINEERS
основни STEM принципи
ЗА ДЕЦА 7+
Вредности и вештини:
⦿ Стекнување со знаење за физички закони и природни појави
⦿ Развој на способностите за анализирање на инженерски процеси
⦿ Поттикнување на самостојно и креативно учење
⦿ Развој и поттикнување на способности за планирање
⦿ Зајакнување на чувство за самоефикасност и способност за управување со време
⦿ Подобрување на комуникациските и интерперсоналните способности
Краток преглед на наставната програма:
Bricks Challenge овозможува совладување на основно ниво STEM принципи, запознавање со основните закони на физиката и потребните математички равенки соодветни за таквите научни пресметки а преку употреба на приказни и демонстрации кои ја поттикнуваат имагинацијата и критичкото размислување.
Младите инженери во текот на изучувањето на програмата совладуваат многу важни теоретски и практични знаења, учат за научници и пронаоѓачи како што се Леонардо да Винчи, сер Исак Њутн, Архимед и многу други важни личности кои имаат значајна улога во развојот на науката и технологијата.
Децата се стекнуваат со теоретско и практично знаење, се мотивираат и инспирираат од приказните на големите умови и се охрабруваат во преземање на понатамошни чекори.
За програмата
Годишна програма
Прв семестар
14 недели
Втор семестар
16 недели
Eднаш неделно
60 - 75 минути
Сертифицирани
наставници
3 модули:
Забавен парк
Транспорт и авијација
Класични машини
ПОСЕБНИ ЦЕЛИ И МЕТОДОЛОГИЈА НА YOUNG ENGINEERS:
Важноста на секој час се согледува во процесот на изградба на моторизирани модели со помош на LEGO® коцки коишто ја покажуваат темата на часот. Децата учат принципи на математика преку научни пресметки за нивната изградба и физика преку интуитивно учење а ги развиваат и своите способности за самостојно учење и ги подобруваат способностите за градење на модели. Основната цел на програмите е да се илустрираат инженерските принципи преку експерименти и демонстрирање, да ги направат децата да станат паметни и креативни генијалци кои ќе ги претставуваат следните генерации на иноватори, научници и програмери. Веруваме дека најефикасниот начин е доколку направиме учењето да биде забавно и возбудливо a возможно само преку добро испланиран и практичен образовен систем кој вклучува комбинација од учење и забава, преку употреба на Спирално учење и Учење засновано на решавање проблеми (PBL).
Врз основа на методот на спирално учење, нашите програми им овозможуваат на децата да ги учат основните принципи и термини, истовремено среќавајќи се со нови контексти, се подлабоко и подетално со секој нареден чекор, преку:
⦿ Учење засновано на решавање проблем (Problem based learning – PBL),
⦿ Учење засновано на производ (Product based learning).
⦿ Учење преку проект (Project based learning).
ГАЛЕРИЈА
Што е хибридна настава?
Young Engineers кај вас дома!
Вашето дете добива наш специјализиран LEGO® робот кој ние Ви го даваме за употреба во Вашиот дом, се поврзуваме виртуелно и овозможуваме стекнување со ексклузивно знаење за:
⦿ Наука, Технологија, Инженерство и Математика (STEM)
⦿ Роботика
Скопје, Р. Македонија
+38977399999
YOUNG ENGINEERS
www.skopje.youngengineers.mk
[email protected]
[email protected]
[email protected]
ROBOTICS & INNOVATION ACADEMY
[email protected]
[email protected]
[email protected]
Оперативни партнери