СПЕЦИЈАЛНО ДИЗАЈНИРАНA STEM ПРОГРАМА НА e² YOUNG ENGINEERS
ЗА ДЕЦА ОД 8 ДО 10 ГОДИНИ
Вредности и вештини:
⦿ Вовед во алгоритамско размислување
⦿ Откривање на програмирањето и машинско инженерство
⦿ Запознавање со терминологијата за софтверско инженерство
⦿ Поттикнување решавање проблеми
⦿ Развивање на креативност и критичко размислување
Краток преглед на наставната програма:
Young Engineers веруваат во Методот на спирално учење, со помош на кој секоја програма се заснова на наставната содржина од претходната програма. Секогаш ги поттикнуваме учениците кон учење и ги повторуваме научните принципи за да бидеме сигурни дека сите можат да ги следат содржините.
Со опипливиот јазик за програмирање на Algobrix®, учениците започнуваат со градење на модел со LEGO коцки и потоа создаваат различнии линии код со користење на командите за извршување на функции и параметри. На крај, со притискање на копчето Play, роботот ја извршува секвенцата на кодот.
Со поврзувањето на командите за функции и параметри, детето креира наредба за роботот, за да се придвижи напред или да се вклучи црвена сијаличка. Со поставувањето на блоковите еден по друг, се креира код кој што ќе го изврши моделот. Во секоја лекција, учениците ќе извршуваат задачи со програмирање на високо ниво како што се планирање на алгоритми, функции и параметри, услови, циклуси, истовремена работа на различни делови, отстранување грешки, критична секвенца, примена на сензори и многу повеќе. AlgoPlay им овозможува на учениците да се стекнат со професионални вештини кои што се неопходни за разбирање на логиката зад речиси секој јазик за програмирање што постои денес.
За програмата
Годишна програма
Прв семестар
14 недели
Втор семестар
16 недели
Eднаш неделно
60 - 75 минути
Сертифицирани
наставници
3 модули:
Вовед во програмирањe
Junior
Програмирање со помош на сензори
Advanced
Високо ниво на програмирање
Master
ПОСЕБНИ ЦЕЛИ И МЕТОДОЛОГИЈА НА YOUNG ENGINEERS:
Важноста на секој час се согледува во процесот на изградба на моторизирани модели со помош на LEGO® коцки коишто ја покажуваат темата на часот. Децата учат принципи на математика преку научни пресметки за нивната изградба и физика преку интуитивно учење а ги развиваат и своите способности за самостојно учење и ги подобруваат способностите за градење на модели. Основната цел на програмите е да се илустрираат инженерските принципи преку експерименти и демонстрирање, да ги направат децата да станат паметни и креативни генијалци кои ќе ги претставуваат следните генерации на иноватори, научници и програмери. Веруваме дека најефикасниот начин е доколку направиме учењето да биде забавно и возбудливо a возможно само преку добро испланиран и практичен образовен систем кој вклучува комбинација од учење и забава, преку употреба на Спирално учење и Учење засновано на решавање проблеми (PBL).
Врз основа на методот на спирално учење, нашите програми им овозможуваат на децата да ги учат основните принципи и термини, истовремено среќавајќи се со нови контексти, се подлабоко и подетално со секој нареден чекор, преку:
⦿ Учење засновано на решавање проблем (Problem based learning – PBL)
⦿ Учење засновано на производ (Product based learning)
⦿ Учење преку проект (Project based learning)
ГАЛЕРИЈА
Што е хибридна настава?
Young Engineers кај вас дома!
Вашето дете добива наш специјализиран LEGO® робот кој ние Ви го даваме за употреба во Вашиот дом, се поврзуваме виртуелно и овозможуваме стекнување со ексклузивно знаење за:
⦿ Наука, Технологија, Инженерство и Математика (STEM)
⦿ Роботика
⦿ Програмирaње
Скопје, Р. Македонија
+38977399999
YOUNG ENGINEERS
www.skopje.youngengineers.mk
[email protected]
[email protected]
[email protected]
ROBOTICS & INNOVATION ACADEMY
[email protected]
[email protected]
[email protected]
Оперативни партнери