Skip to content

СПЕЦИЈАЛНО ДИЗАЈНИРАНA STEM ПРОГРАМА НА e² YOUNG ENGINEERS
напредни STEM принципи

ЗА ДЕЦА 10+

Вредности и вештини:

⦿ Развој на аналитички способности
⦿ Развој на способности за решавање на проблеми
⦿ Поттикнување на самостојно и креативно учење
⦿ Стекнување со знаење за физички закони и природни појави
⦿ Зајакнување на чувство за самоефикасност и способност за управување со време
⦿ Подобрување на комуникациските и интерперсоналните способности
⦿ Поттикнување активности за градење на тимови
⦿ Стекнување на способности за подготовка и спроведување на инженерски проекти

Краток преглед на наставната програма:

Galileo Technic овозможува напредно ниво на тематско учење, применувајќи принципи на машинско инженерство преку градење на LEGO® модели, употреба на математика и физика за решавање на проблеми и конструкција на машини. Врз основа на анализа на физичките, математичките и техничките аспекти на работењето на одредена машина, учениците го избираат најефикасниот метод за конструкција, изучуваат одредена тема, ја истражуваат од различни аспекти и контексти, истовремено вклучувајќи ги основните инженерски процеси.
Фокусот е во пронаоѓање на соодветни решенија кон зададениот предизвик кој претставува проблем, додека работат индивидуално или тимски во група и изучуваа инженерски механизми како што се: системи за трансмисија со повеќе канали, механичка координација, движење на телото на ротациона оска, центар на гравитација и точка на ротација, различни примени на запчести механизми, загуба на енергијата, рециклирање, ограничена трансмисија со појас и слично. Учениците се запознааваат со принципите на статиката, разбирајќи што претставуваат веројатноста и можноста.

За програмата

Годишна програма

Прв семестар

14 недели

Втор семестар

16 недели

Eднаш неделно

60 - 75 минути

Сертифицирани

наставници

 4 модули:

Забавен парк и зоолошка градина

Градежништво и архитектура

Борбени и комплексни механизми

Транспортни машини

ПОСЕБНИ ЦЕЛИ И МЕТОДОЛОГИЈА НА YOUNG ENGINEERS:

Важноста на секој час се согледува во процесот на изградба на моторизирани модели со помош на LEGO® коцки коишто ја покажуваат темата на часот. Децата учат принципи на математика преку научни пресметки за нивната изградба и физика преку интуитивно учење а ги развиваат и своите способности за самостојно учење и ги подобруваат способностите за градење на модели. Основната цел на програмите е да се илустрираат инженерските принципи преку експерименти и демонстрирање, да ги направат децата да станат паметни и креативни генијалци кои ќе ги претставуваат следните генерации на иноватори, научници и програмери. Веруваме дека најефикасниот начин е доколку направиме учењето да биде забавно и возбудливо a возможно само преку добро испланиран и практичен образовен систем кој вклучува комбинација од учење и забава, преку употреба на Спирално учење и Учење засновано на решавање проблеми (PBL).

Врз основа на методот на спирално учење, нашите програми им овозможуваат на децата да ги учат основните принципи и термини, истовремено среќавајќи се со нови контексти, се подлабоко и подетално со секој нареден чекор, преку:
⦿ Учење засновано на решавање проблем (Problem based learning – PBL),
⦿ Учење засновано на производ (Product based learning).
⦿ Учење преку проект (Project based learning).

ГАЛЕРИЈА

hibrid-i

Што е хибридна настава?

Young Engineers кај вас дома!

Вашето дете добива наш специјализиран LEGO® робот кој ние Ви го даваме за употреба во Вашиот дом, се поврзуваме виртуелно и овозможуваме стекнување со ексклузивно знаење за:
⦿ Наука, Технологија, Инженерство и Математика (STEM)
⦿ Роботика


Скопје, Р. Македонија
+38977399999

YOUNG ENGINEERS
www.skopje.youngengineers.mk
[email protected]
[email protected]
[email protected]

ROBOTICS & INNOVATION ACADEMY
[email protected]
[email protected]
[email protected]

Оперативни партнери